Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

12.06.2025 08:42

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.