Собрание

Предлог-измени на Изборниот законик на собраниска седница

12.06.2025 10:16

Декларативно, сите се за измени на Изборниот законик, но секој со свои барања. Се потенцира и фактот дека според препораките на ОБСЕ, 6 месеци пред избори не треба да се менува законската регулатива. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да гласа и дијаспората, а дел од партиите од албанскиот блок бараат повисок праг на гласовите...

Предлог-измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој се бара Македонија да биде една изборна единица, поднесен од Либерално-демократска партија, на собраниска седница. Целта е велат од партијата да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и поголема застапеност на помалите политички партии.

Декларативно, сите се за измени на Изборниот законик, но секој со свои барања. Се потенцира и фактот дека според препораките на ОБСЕ, 6 месеци пред избори не треба да се менува законската регулатива. Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да гласа и дијаспората, а дел од партиите од албанскиот блок бараат повисок праг на гласовите.

Извесно е дека ако има консензус, измените би стапиле во сила на следните парламентарни избори за 4 години.