Влада

За три дена, 109 повици на директната телефонска линија за повредените лица во пожарот

12.06.2025 10:00

Преку низа мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, соопштија од Владата...

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. Преку низа мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, соопштија од Владата. Тим на лекари од 10-јуни до 20 август во центарот за рехабилитација „Пониква“ на сите лица ќе им овозможат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

Од Владата ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати, да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.