кампања

БЈБ: Граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат корупција

12.06.2025 12:39

Граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат корупција. Според директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев со ваквиот пристап ќе создадеме доверба, координација и побрзо решавање на проблемите...

Корупцијата со години ја разнишува довербата во институциите и ја загрозува правната држава, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најавувајќи максимална поддршка за кампањата „0% корупција-Ајде да е вистина“. Кампањата, која има за цел зголемување на јавната свест за потребата од пријавување на корупција и охрабрување на граѓаните да ја пријавуваат, е финансирана од Европската унија, а во соработка со Министерството за внатрешни работи. Таа треба да овозможи подобрена координација и ефикасност во борбата со корупцијата, со цел градење култура на нулта толеранција.

Ова не е само уште една кампања, ова е витална иницијатива за превенција на корупцијата преку подигање на свеста и едукација, вели експертката за антикорупција и перење пари, Мојца Кузмички.

Организаторите на кампањата ги повикуваат сите граѓани, институции и организации да се приклучат и да дадат свој придонес во борбата против корупцијата.

 

Марија Котовска