МПЦ-ОА
Игуменот Георгиј е нов дебарско-кичевски митрополит
12.06.2025 13:10
Новиот митрополит е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан кој неодамна се замонаши...

Игуменот Георгиј е нов митрополит на дебарско-кичевската епархија. Одлуката за наследникот на Тимотеј, Синодот на МПЦ-ОА едногласно ја донесе. Новиот митрополит е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан кој неодамна се замонаши. За позицијата, битка се водеше и за епископот Партениј, за кого имаше поддршка од верници кои во изминатите денови одржаа собири.
Седницата на Синодот ја следеше Ирина Гелевска.
