ОЈО ГОКК
Приведени полициски службеници и началници кои биле на смена за време на трагедијата во Кочани
13.06.2025 08:05
По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, приведени се над 10 актуелни полициски началници и полицајци кои биле на смена ноќта на 16 март кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“...

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, приведени се над 10 актуелни полициски началници и полицајци кои биле на смена ноќта на 16 март кога се случи трагедијата во дискотеката „Пулс“. Според одредени сознанија, раководните лица и полицајците се од СВР-Штип и од кочанската полициска станица.
Под истрага на Обвинителството се и 14 полициски службеници кои се во притвор.
