Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто во работна посета на земјава
Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена, соопшти МНР...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на земјава. Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена, соопшти МНР.
Од таму додаваат дека во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање меѓу македонското Министерство за образование и наука и унгарското Министерството за надворешни работи за соработка во рамките на програмата за периодот 2026 – 2028.
