Обвинителство

ОЈО ќе покрене обвинение за пожарот во Кочани

13.06.2025 08:24

На прес-конференција државниот обвинител Коцевски ќе информира за собраните докази. Осомничени се 47 поранешни и актуелни функционери, лица од обезбедувањето. Неизвесно е колкумина ќе седнат на обвинителна клупа...

Јавното обвинителство ќе покрене обвинение за пожарот во Кочани. На прес-конференција државниот обвинител Коцевски ќе информира за собраните докази. Осомничени се 47 поранешни и актуелни функционери, лица од обезбедувањето. Неизвесно е колкумина ќе седнат на обвинителна клупа. Обвинителството за гонење организиран криминал ја продолжува истрагата за полициските службеници. Премиерот Мицкоски вели дека целосно ја препушта постапката во рацете на Обвинителство.

Од СДСМ пак со контра обвинувања кон власта. Три месеци по трагедијата, нема вина, нема одговорност за оние кои ако делувале вечерта, трагедијата ќе била спречена, тврдат од опозицијата.