Култура

Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2025 во Тбилиси, Грузија

13.06.2025 13:28

Нела има 13 години и е од Скопје, поседува извонредни вокални способности, музичка зрелост и исклучителна сценска присутност. Наградувана е на повеќе меѓународни музички натпревари, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на нејзиниот глас и нејзината посветеност на музиката...

Со голема чест и гордост ја информираме јавноста дека годинашна претставничка на Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025 ќе биде младата и талентирана Нела Манческа. Овој престижен музички натпревар ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија.

Нела има 13 години и е од Скопје, поседува извонредни вокални способности, музичка зрелост и исклучителна сценска присутност.

Наградувана е на повеќе меѓународни музички натпревари, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на нејзиниот глас и нејзината посветеност на музиката.

Со својот талент и харизма Нела има капацитет достојно да ја претстави Македонија и да го привлече вниманието на европската публика.

Убедени сме дека Нела ќе се претстави во најдобро светло и со својата изведба ќе ја донесе магијата на македонската музика на најгледаното телевизиско музичко шоу во Европа.

Повеќе детали за песната, тимот и подготовките ќе бидат споделени наскоро.

Јавноста и фановите се повикани да ја поддржат Нела на нејзиниот пат кон Јуниорскиот Евросонг 2025!

 

фото: Владимир Георгиев