Охрид

Привршува санацијата на наколната населба во Градиште

14.06.2025 13:25

Привршува реконструкцијата на музејот во Градиште, најпосетуваниот музеј на брегот на Охридското Езеро. Локалитетот единствен од ваков вид на Балканот сè уште е магнет за туристите...

Привршува реконструкцијата на Музејот на вода во Градиште. Се врши санација на платформата и 24-те праисториски куќички распослани врз синото езеро. Станува збор за најпосетениот музејски комплекс на крејбрежието, единствен од ваков вид на Балканот.

Локалитетот кој ги чува и открива тајните на праисторијата.

„Имаме се што тие луѓе користеле во праисторијата во еден ден. Садови за јадење, пиење, готвење и алати. Значи се што користеле во секојдневието, чуваме дури и некои од оригиналните дрвени столбови на кои стоела населбата“, вели Христијан Петровски археолог - водич.

Наколната населба е магнет за туристите. Сликовито и детално го претставува животот на племенските заедници во едно далечно време.

„Од Полска, многу ми се допадна, интересно и за мене и моето семејство“, вели турист од Полска.

„Едноставно не ја познаваме доволно оваа земја тоа е предизвик, навистина преубаво. Куќичките се прашуваме зошто ги изградиле на вода, сакаме да знаеме повеќе“, вели гостинка од Полска.

Музејскиот комплекс е распослан на 20 000 метри квадратни, има наколна населба, затворен музеј, пристаниште, обновен римски каструм и нуркачки центар, со што гостите може да уживаат и во подводна авантура.

„Се работи за артефакти кои полагаат од бронзено и железно време околу три до четири илјади години стари. На дното на езерото буквално кај Заливот на коските покрај малите и средна големина риби има и по некоја змија но сите тие се дел од екосистемот и нема никаква опасност“, вели Јован Секулоски, нуркач.

Последен пат музејскиот комплекс беше реновиран на почеток на 2017-та година.

Соња Рилковска