Совет за безбедност

ОН усвоија резолуција против џихадистите во Ирак и Сирија

16.08.2014 13:47

Советот за безбедност на ОН усвои синоќа едногласно резулуција чија цел е да се оневозможи финансирањето на екстремистите во Ирак и во Сирија, како и да се спречи приливот на нови екстремистички борци од странство.

Ова досега се најшироките мерки на Советот за безбедност на ОН против џихадистите во Ирак и Сирија, кои во моментот контролираат голем дел од територијата на тие земји и обвинети се за злосторства.

Мерките предвидуваат и санкции со кои се заканува на оние кои финансираат, регрутираат или ги снабдуваат со оружје исламистичките екстремисти во Ирак и Сирија.

Со резолуцијата е формирана и "црната листа" составена од шест лидери на Исламската држава меѓу кои и емирот Абу Мухамед ал Аднани, портпаролот на ИСИЛ кој се опишува како еден од највлијателните лица блиски до лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал Багдади, кој е исто така на листата.

Екстремистите, кои Резолуцијата 2170 треба да ги оневозможи во нивните натамошни злосторнички акции, се отцепени групи од мрежата Ал каеда, кои зазедоа голем дел од териториите во Ирак и Сирија и прогласија калифат.

Целта на резолуцијата е слабеење на Исламска држава и Фронтот ал-Нусра.

Со резолуцијата се осудува секоја директна или индиректна трговија со Исламска држава или со Фронтот ал-Нусра, и се предупредува дека тоа би можело да доведе до санкции.