свет

САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

16.06.2025 09:13

Властите претпоставуваат дека зад делата стои политички мотив...

Полицијата во Минесота уапси 57 – годишен маж кој во саботата ја застрела и уби демократската претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг. Властите претпоставуваат дека зад делата стои политички мотив. Гувернерот на сојузната држава Тим Волц ја потврди веста за апсењето. Бегалецот бил фатен без употреба на сила, а кај него била пронајдено поголемо количество муниција, и список со имиња на неколку функционери, за кои властите стравуваа дека можеби и нивниот живот е во опасност.

Осомничениот, според истражувањата на американските медиуми, работи во безбедносниот сектор.