Еболата забрзано се шири во Западна Африка

16.08.2014 18:24

Се подраматична е состојбата со ебола во Западна Африка. Смртоносниот вирус забрзано се шири и надлежните тешко се справуваат со него. Епидемијата во овој дел на светот ќе беснее уште најмалку 6 месеци, предупредуваат од Светската здравствена организација. Апелираат да се изнајде нова стратегија за преземање конкретни мерки, меѓународна координинација и мобилизирање на сите влади во светот.

„Ова се уште го немаме доживеано. Во овие региони владеа страв како за време на војна. Болеста повеќе не е ограничена на неколку села, таа се шири во градот со 1,3 милиони жители“, рече Џоана Ли од Лекари без граници.

Расте бројот на жртви и заразени од смртоносниот вирус. По смртта на медицинска сестра, многу лекари и помошен медицински персонал бегаат од болниците во Нигерија, особено од болницата во Лагос каде што се изолирани најголем број заразени. Ситуацијата дополнитено се усложнува поради штрајкот на лекарите кој трае повеќе од 7 недели.

„Не сигурно дека ситуацијата може да се држи под контрола. Луѓето патуваат и кога ќе примиме заразен пациент, никогаш со сигурност не може да се знае каде го добил вирусот, каде патувал и со кој бил во контакт“, рече Мфансумане Соум, лекар.

Досега во Западна Африка од вирусот ебола починаа илјада и 69 лица. Експертите сметаат дека вистинскиот број починати е многу поголем, бидејќи заболените остануваат затворени во своите домови без да побараат лекарска помош. Лоши е состојбата и во центрите каде што се изолираат заболените. Најчесто тоа се адаптирани објекти без потребните услови за соодветна медицинска нега.

Маја Стојанова