Во Градашорци ќе се прави Спомен соба со музејска збирка за Мис Стон
Спомен соба со музејска збирка посветена на американската мисионерка Мис Стон ќе се подига во селото Градашорци. Општина Василево и бугарската Кресна почнаа заеднички проект со европски пари кој има за цел да го поттикне екотуризмот во овие две погранични општини.

Американската мисионерка Мис Стон ќе добие спомен соба во Градашорци. Општина Василево со пари од ЕУ од програмата за прекугранична соработка со Бугарија ќе го реконструира домот на култура каде се планира собата со музејска збирка.
Василево проектот ќе го имплементира со бугарската општина Кресна. Целта е да се развие креативниот дигитален екотуризам во кој ќе бидат вклучени и најмладите од двете држави.
„Ќе се информираат децата од Македонија и Бугарија со убавините на регионот Кресна и планината Пирин, биодиверзитетот, растенијата и плодовите кои се на оваа планина а ќе се гради и еко-центарот кој ќе биде енергетско независен“, вели Николај Ѓеоргиев – градоначалник на Кресна.
Во рамките на проектот ќе се креира и туристичка рута насловена како „По стапките на Мис Стон“ бидејќи таа своевремено престојувала во оваа Општина благодарение на војводата Атанас Нивичански.
Ване Трајков
