Иран ја нападна американската база Ал Удеид во Катар
Иранската државна телевизија вечерва објави дека армијата лансирала ракети кон американската воена база „Ал Удеид“ во Катар, како одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија...

Иранската државна телевизија вечерва објави дека армијата лансирала ракети кон американската воена база „Ал Удеид“ во Катар, како одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија.
Според американските медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар.
Најмалку десет ракети се лансирани кон Катар, а најмалку една кон Ирак.
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад кој бил насочен кон воздухопловната база „Ал Удеид“.
Катарските власти денеска објавија дека привремено го прекинуваат воздушниот сообраќај како мерка на претпазливост поради настаните во регионот.
