ХАГ

Самит на НАТО во Хаг

24.06.2025 09:31

Главна тема на самитот во ХАГ, зголемување на трошоците за одбрана од пет проценти од БДП. Некои држави како Шпанија и Италија укажуваат на потребата од повеќе време за прилагодување или исклучоци од овој модел.

Лидерите на земјите членки на НАТО денеска и утре на самит во Хаг на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Главна тема, зголемување на трошоците за одбрана од пет проценти од БДП.

Некои држави како Шпанија и Италија укажуваат на потребата од повеќе време за прилагодување или исклучоци од овој модел. Предлогот подразбира распределба од 3,5% за традиционални воени активности, а останатите 1,5% да бидат насочени кон кибербезбедноста, инфраструктура и цивилна заштита.

Во пресрет на самитот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте порача дека главниот фокус на собирот е Алијансата да се осигури дека има се што и е потребно за да може да одвраќа и да се одбрани од каква било закана.