Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина
Сирени за воздушен напад издадени над Харков и Дењецк. Украинската војска соопшти дека запалиле нафтено складиште во Ростовскиот регион во јужна Русија, кое се користело за снабдување на руските сили...

Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина. Сирени за воздушен напад издадени над Харков и Дењецк. Украинската војска соопшти дека запалиле нафтено складиште во Ростовскиот регион во јужна Русија, кое се користело за снабдување на руските сили.
Руските власти потврдија дека успешно собориле 20 украински беспилотни летала од кои повеќето во Курската област.
Рускиот претседател Путин најави масовно производство на ракетниот систем „Орешник“. Викендов, Службата за безбедност на Украина објави дека двапати спречиле обиди за атентат врз претседателот Зеленски – во Полска и Киев.
Според украинските медиуми, ова е уште еден во низа обиди за ликвидација на украинскиот претседател од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
