Политика

Партиски реакции за поднесениот амандман од ЕПП

24.06.2025 14:28

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен“ македонски јазик во извештајот на Вајц за Македонија претставува сериозен удар врз македонските позиции, оценува СДСМ. Против беа само бугарските европратеници, кои добија поддршка од социјалдемократите, велат од ВМРО ДПМНЕ...

Предлог-амандманот за воведување на формулацијата „модерен“ македонски јазик во извештајот на Вајц за Македонија претставува сериозен удар врз македонските позиции, оценува СДСМ. Партијата смета дека ова е и шлаканица за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи амандманот беше предложен од член на германската ЦДУ, која доаѓа од редовите на европските народни партии.

Против беа само бугарските европратеници, кои добија поддршка од социјалдемократите, велат од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму посочуваат дека документот ги потврдува нашите позиции и европската перспектива.

„Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство, се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата. Оваа постапка од страна на европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност“, велат од партијата.

Ние сме Македонци, со свој јазик, историја и чувство за припадност, а патот на реформите ќе го продолжиме со крената глава и чувство на одговорност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Марија Котовска