Македонија
Почувствуван земјотрес во Охрид и околината
25.06.2025 09:35
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рано изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга...
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рано изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на 115 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
