МНР

Успешно евакуирани мајка и три деца од Израел, и натаму во сила препораката да се избегнува патување на Блискиот Исток

25.06.2025 09:52

Од МНР велат дека државјаните кои првично беа подготвени за итна евакуација го одложуваат своето заминување зашто рестрикциите поврзани со конфликтот во Израел се укинати, а училиштата, институциите и продавниците повторно функционираат.

Мајката со три деца, успешно се евакуирани од Израел, со лет од Тел Авив до Атина, соопшти нашето МНР. Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12, осуммина со владиниот авион беа вратени преку Египет и последните четворица преку Атина. Од нив, седум се деца.

Нашинците можат да здивнат по смирувањето на кризата на Блискиот Исток и постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Иран.

Од МНР велат дека државјаните кои првично беа подготвени за итна евакуација го одложуваат своето заминување зашто рестрикциите поврзани со конфликтот во Израел се укинати, а училиштата, институциите и продавниците повторно функционираат.

Сепак, од македонското МНР истакнуваат дека и натаму во сила е препораката да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток.