Град Скопје

Викендов прскање против комарци во Скопје

27.06.2025 10:26

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и 29 јуни, во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 28 и 29 јуни, во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а на 30 јуни, в понеделник, ќе почне терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира од 30 јуни до 03 јули, во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.