Македонија

Се воведува забрана за движење по шумите – во спротивно казни и до 2.000 евра

27.06.2025 18:23

Поради зголемена опасност од појава на шумски пожари, од 1- ви јули се воведува забрана за движење по шумите која ќе трае до 31-ви август. Секое непочитување ќе биде санкционирано со казни и до 2.000 евра а во меѓувреме ќе има и засилени контроли...

Од 1 јули движење по македонските шуми само со дозвола од надлежните. МЗШВ воведе забрана поради зголемената опасност од појава на шумски пожари од високите температури кои минатата година направија големи штети. Од Македонски шуми тврдат дека со мерката ќе имаат увид кој се влегува во шумските појаси.

Во периодот од 1 јули до 31 август ќе бидат засилени и контролите од страна на шумочуварите и шумските полицајци. Со цел да се детектира движења ќе бидат активирани и дронови, вели Михаилов.

Забраната за движење нема да важи за припадниците на МВР, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување како и сите лица кои ќе имаат писмена дозвола од Македонски шуми.

 

Ване Трајков