Украина
Жестоки руски напади на Украина
29.06.2025 18:11
Соборен е авион Ф-16 додека одбивал голем напад со ракети и дронови, соопшти украинската војска. Кремљ напредува бавно, но постојано на источниот фронт.

Жестоки руски напади на Украина. Соборен е авион Ф-16 додека одбивал голем напад со ракети и дронови, соопшти украинската војска. Кремљ напредува бавно, но постојано на источниот фронт.
Москва известува за воени успеси во сумската област. украинските власти регистрираат жртви и повредени.
Украинците, пак, извршиле напад на аеродромот на Крим, при што биле уништени три руски хеликоптери и воена опрема. Во меѓувреме, полскиот претседател Дуда беше во посета на Украина, при што недвосмислено ја искажа својата поддршка за влез на земјата во ЕУ.
