Киев ги синхронизира санкциите со ЕУ за Москва
Украински борбен авион Ф-16 беше соборен во воздух, при што загина пилотот. Во меѓувреме, Киев почна да ги синхронизира европските санкции со украинските санкции, за 13-тиот и 14-тиот пакет...

Руската војска изврши масовен напад врз украинските воено-индустриски објекти, лансирајќи стотици дронови и десетици ракети. При одбивањето на овој напад, украински борбен авион Ф-16 беше соборен во воздух, при што загина пилотот. Во меѓувреме, Киев почна да ги синхронизира европските санкции со украинските санкции, за 13-тиот и 14-тиот пакет.
„Ова е нешто што навистина ги ограничува можностите за стратешки развој на Русија, нејзиниот потенцијал и треба уште поболно да ја ограничи способноста на Русија да ја продолжи оваа војна, војната против нашата независност. Следната недела подготвуваме нови заеднички одлуки со нашите партнери за нашата одбрана и отпорност“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украина истовремено потпиша декрет за повлекување од Конвенцијата од Отава за забрана на нагазни мини.
