Кочанскиот суд ги прати сите документи од предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Скопје
Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите документи од предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова следува по поднесеното обвинение за трагедијата во којашто загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, но и по одлуката на Врховен, постапката да се води пред Кривичниот суд во Скопје...

Со два автомобила и полициска придружба, Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите документи од предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова следува по поднесеното обвинение за трагедијата во којашто загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, но и по одлуката на Врховен, постапката да се води пред Кривичниот суд во Скопје.
Ваквата одлука беше донесена зашто судовите во Штип и Струмица немаат кадровски и технички потенцијал, односно, немаат доволно судии по кривично право.
Поради сложеноста на предметот и бројот и на обвинети и на оштетени, Врховниот суд реши да постапуваат судии од скопска единица, кои ќе гарантираат ефикасност, стручност, законито постапување.
