Македонија

Муртезани во работна посета на Ирска

03.07.2025 08:17

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денеска ќе престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas)...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денеска ќе престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки планирани се средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).

Дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка, како и за прашања поврзани со безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор.