Собрание

Во Собранието седници на две комисии

03.07.2025 08:32

Пред пратениците членови на Комисијата за култура и туризам ќе се најдат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог-законот за измена на Законот за библиотеките, обата во прво читање...

Денес во Собранието ќе се одржат седници на две собраниски тела – Комисијата за култура и туризам и Законодавно-правната комисија.

Пред пратениците членови на Комисијата за култура и туризам ќе се најдат Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог-законот за измена на Законот за библиотеките, обата во прво читање.

На агендата на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за измена на Законот за државните награди, Предлог-законот за дополнување на Кривичниот законик, Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за заштита на културното наследство и Предлог-законот за измена на Законот за библиотеките, сите во прво читање.