Топлотен бран

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлотниот бран

03.07.2025 09:32

Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време...

Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода.

Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.