Македонија

Гори мешана шума во Старо Нагоричане

03.07.2025 10:26

Од вчера на терен се пожарникарите од Старо Нагоричане, но добиле помош и од колегите од Ранковце. Утринава продолжува гаснењето, но пристапот е лош. Интервенираат и екипи од Национални шуми од Куманово.

Пожар зафати мешана шума бор и сува трева во село Длабочица, Старо Нагоричане. Од вчера на терен се пожарникарите од Старо Нагоричане, но добиле помош и од колегите од Ранковце. Утринава продолжува гаснењето, но пристапот е лош. Интервенираат и екипи од Национални шуми од Куманово.

Во борбата со огнената стихија, била повредена и вработена во Национални шуми, која е пренесена во кумановската болница, информираат од ова јавно претпријатие.

Ова е четврта повреда на вработен во Национални шуми. Двајца завршиле на кислородна поддршка, а останатите имаат други повреди.