Борбата со огнената стихија во Чучер Сандево продолжи и изутринава, советниците побараа прогласување вонредна состојба
Во земјава регистрирани неколку пожари. Борбата со огнената стихија во Чучер Сандево продолжи и изутрината. Во гаснењето ангажирани и два хеликоптера, а во текот на измината ноќ екипи дежураа на терен. Зафатена е густа мешана шума и ниска вегетација...

Во земјава регистрирани неколку пожари. Борбата со огнената стихија во Чучер Сандево продолжи и изутрината. Во гаснењето ангажирани и два хеликоптера, а во текот на измината ноќ екипи дежураа на терен. Зафатена е густа мешана шума и ниска вегетација. Пожарот на Блаце го затвори патот и граничниот премин, но од вчера попладне сообраќајот повторно е нормализиран.
Општината Чучер Сандево свика вонредна седница поради големиот пожар што ги зафати селата Чучер, Бразда, Глуво, Кучевиште и каде што огнот беше во близина на куќи. Советниците побараа прогласување вонредна состојба.
Пожари има и во Дојран, Македонски Брод, Прилеп, Чашка, Крива Паланка, Делчево.
