Царини

Трамп го продолжува рокот за царините до 1 август

08.07.2025 11:58

Земјите кои не потпишале нови договори ќе се соочат со високи царини. Американскиот претседател упати писма до лидерите на десетина земји...

Трамп ги одложи царините до први август. Земјите кои не потпишале нови договори ќе се соочат со високи царини. Американскиот претседател упати писма до лидерите на десетина земји.

Новиот царински режим вклучува тарифи од 25 насто за стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 40 насто царина за Лаос и Мјанмар, за Србија 32 проценти, Босна и Херцеговина 30 насто. Сите писма се означени како официјални документи.

Од април наваму, администрацијата на САД склучи само три трговски договори со Обединетото Кралство, Кина и Виетнам и покрај ветувањето дека ќе се постигнат 90 договори за 90 дена.