Најмалку 8 лица повредени во попладневната бура што го зафати Белград
Поради силниот ветер проследен со град, паѓаа делови од покривите и дрвјата...

Осум лица се повредени, претежно полесно, за време на попладневната бура во Белград. Поради силниот ветер проследен со град, паѓаа делови од покривите и дрвјата.
Шестмина повредени се однесени во болницата во Земун, а двајца во Ургентниот центар.
Силен ветер собори кран во Нов Белград. Падна и дел од лимен покрив, кој оштети четири паркирани автомобили, додека на булеварот Вудро Вилсон падна семафор.
Бурата ги опустоши Бачка, Срем, особено беше почувствувана во Нови Сад, за да прерасне во суперклеточна бура над Банат. Поради бурата имаше и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Некои делови од Србија каде што бурата беше посилна беа исклучени како превентивна мерка.
