Трагедија

Нарушените семејни и имотни односи, причина за двојното убиство и самоубиство во Прилеп

13.07.2025 13:16

Голема трагедија во Прилеп, татко и 12-годишен син се убиени во куќа на нивни роднини. Мотивот се бара во нарушените семејни и имотни односи. Сторителот имал престрелка со полицијата, па се самоубил, а за своите мотиви пишувал на социјалните мрежи...

Татко и 12-годишен син се убиени во куќата на нивни роднина во центарот на Прилеп кој по престрелката со полицијата се самоубил

Причината за оваа трагедија се гледа во нарушените семејни и имотни односи. Вујкото на убиениот 43-годишен прилепчанец претходно му ја препишал куќата, а односите подолго време биле нарушени.

Повеќе од пет часа до доаѓањето на полицијата никој не знае што се случувало во куќата. Обвинителството вели дека таткото и синот биле мртви пред нивното доаѓање. Сторителот не сакал да се предаде и имало голема престрелка.

Напомош, околу полноќ стигнале и припадниците на тигрите. Трагедијата завршила околу еден часот изутрината. Во куќата лекар од итната помош само ја констатирал смртта на тројцата прилепчани.

Обвинителството нареди обдукција, а заедно со полицијата работат на расчистувањето на случајот.

Елизабета Митреска