Прилеп

Полицијата ги расветли околностите за двојното убиство и самоубиство во Прилеп

13.07.2025 16:45

Ужасниот настан со убиството на таткото и неговиот малолетен син и самоубиството на нивниот убиец полицијата го расветлила. Сознанијата говорат дека тој ги повикал, инсистирајќи да дојде и детето и набрзо ги убил …

Вујкото бил решен да ги убие внукот и неговото малолетно дете, укажуваат сознанијата на полицијата која ги расветлила околностите за двојното убиство и самоубиството во Прилеп што ја потресе јавноста.

Вчера околу 15 часот го повикал внукот на гости, инсистирајќи со себе да го носи малолетниот син.

Вујкото набрзо ги убил, а потоа и се огласил на социјалните мрежи, додека до него биле убиените.

Полицијата вели дека немало пријави за никакво пукање во градот. Првото сознание за ужасниот настан го добиле откако по 21 часот, пријавила сопругата. Претходно таа била до куќата на вујкото, но никој не се огласувал, иако автомобилот на нејзиниот сопруг сè уште бил паркиран.

Потоа почнува разврската на ужасниот настан. Првиот обид на полицијата да влезе бил неуспешен. Убиецот фрлил бомба, па настанала престрелка.

Во куќата на убиецот се најдени и два пиштоли, документи, пари, договори за имот. Подолго време семејните и имотните односи биле нарушени, иако куќата убиецот веќе ја препишал на внукот.

Елизабета Митреска