Иран обвинува за кршење на меѓународното право
Американските напади на територијата на Иран изминатиот месец претставуваат јасно кршење на меѓународното право, обвинуваат иранските власти...

Американските напади на територијата на Иран изминатиот месец претставуваат јасно кршење на меѓународното право, обвинуваат иранските власти. САД започнаа напад врз иранските нуклеарни објекти на 22 јуни, за време на 12-дневната војна која ја почна Израел.
„САД за време на дипломатски процес, направија јасно кршење на меѓународното право. САД се постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и имаат посебна одговорност кон меѓународниот мир и безбедност.Оттука, и од која било гледна точка, дејствувањето на САД при нападот врз нуклеарните постројки на Иран, а пред тоа координацијата и соработката со ционистичкиот режим е целосно меѓународно кршење и криминален чин, и треба да биде одговорен за ова прашање“, изјави Исмаил Багаеи, портпарол на МНР на Иран.
По нападите на САД и Израел, Иран ја суспендираше соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија. Тел Авив тврди дека дејствувал затоа што Техеран бил близу до создавање нуклеарно оружје.
