Шпанија

Четврта ноќ по ред тензии во градот Торе Пачеко во Шпанија

15.07.2025 12:30

Над 10 лица се приведени во протестите што избувнаа меѓу екстремно десничарските групи, локалните жители и мигрантите во градот...

Четврта ноќ по ред тензии во градот Торе Пачеко во југоисточна Шпанија. Над 10 лица се приведени во протестите што избувнаа меѓу екстремно десничарските групи, локалните жители и мигрантите во градот.

Насилните судири почнаа во саботата навечер, по напад врз постар маж од страна на непознати сторители. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат мажи облечени во облека со симболи на екстремната десница и мигранти кои носат марокански знамиња како фрлаат предмети едни кон други.

Причините за инцидентите се истражуваат.