Обединето кралство

Муцунски ја потпиша Декларацијата за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

17.07.2025 13:39

Потпишана Декларација за стратешко партнерство, ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски...

Потпишана Декларација за стратешко партнерство, ги зајакнуваме билатералните односи со Обединетото Кралство, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој деновиве престојува во работна посета на Обединетото Кралство, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„Денеска, во британскиот Форин офис, остварив средба со државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Дејвид Лами“, истакна министерот Муцунски.

Тој оваа средба ја оцени како средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки беше потпишана Декларацијата за стратешко партнерство.

„Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО“, посочи министерот.

Муцунски додаде дека разговарале и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, и како што вели ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Исто така, разговарано било и за сојузништвото во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации.