Одложено судењето на Раде Трајковски, обвинетиот бил неконтактибилен и дезориентиран
Судско рочиште претворено во драма. Судењето на Раде Трајковски – Штекли, обвинет за трговија со дрога, денеска не се одржа – наместо пред судија, заврши на Клиника. Обвинетиот во критична состојба – неконтактибилен и дезориентиран – со Брза помош итно пренесен на Неврологија...

Рочиштето почна со известување од судијата Трпков, оти Раде Трајковски-Штекли со брза помош утринава бил пренесен на Клиниката за неврологија, неконтактибилен и дезориентиран па за два часа закажа продолжение на судењето. Дојде со ново известување до адвокатите и обвинителката – првообвинетиот се наоѓал во ќелија во затворот Шутка, се чекало одобрение од началникот на СВР Скопје за лекарска екипа да може да го прегледа.
„Од затворот добивме информација дека обвинетиот сè уште не е пренесен во болница, бидејќи чекаат асистенција од МВР. Со оглед дека сè уште не е однесен, судот не може да чека цел ден да се однесе обвинетиот на лекар“, соопштија од судот.
Во слична состојбата бил и вчера кога имал нов напад, рече судијата кој го одложи судењето и закажа ново на 7-ми август. Претходно одбраната до судот достави психијатриско вештачење оти првообвинетиот не бил способен да го следи судењето.
Обвинителството преку судот побара лекари повторно да го прегледаат во затворската ќелија, за да направат вештачење кое ќе го спротивстават со одбраната на Штекли.
Тој и уште девет лица се обвинети за трговија и продавање кокаин и дрога главно во скопски аеродром, а парите завршувале кај Штекли. Тој беше цел на неколку обиди за ликвидација. Првично со истрагата беа опфатени 17 лица, но 7 од нив склучија спогодба и беа осудени на затворски казни од 3 до 3 и пол години.
Викторија Милевска
