Партиската книшка нема повеќе да игра улога кај административните службеници, ветува Минчев
Секој административен службеник ќе биде избран, унапреден и оценуван според својот професионален капацитет и квалитет, а не според политички влијанија. Новите законски решенија придонесуваат кон важни и долгорочни промени во јавната администрација, уверува министерот Минчев...

Сите конкурси во јавната администрација се јавни и транспарентни, објавени на единствена електронска платформа. Селекцијата е дигитализирана и автоматизирана со бодирање според објавените критериуми за стручност, работно искуство, лични и технички компетенции. Секој административен службеник ќе биде избран, унапреден и оценуван според својот професионален капацитет и квалитет, а не според политички влијанија. Новите законски решенија придонесуваат кон важни и долгорочни промени во јавната администрација, уверува ресорниот министер. Според него, оваа тема не само што е важна за нашиот развој, туку и за патот на земјава кон полноправно членство во ЕУ.
Во изминативе 20 години во преговарачки статус на нашата земја имаме доста солидни остварувања, но слаба имплементација, смета професорката Ѓуровска.
„Важно да не се откажувате, мислам, односно сигурен сум дека ќе продолжите со вашата добра работа. Вашата работа е важна бидејќи е носител на реформите. Вие ќе им помагате на сите институции, на Владата да ги спроведуваат своите реформи“, порача Хенрик Маркуш – амбасадор на Република Словачка.
Во земјава постојано се работи на дел од областите каде во меѓународните извештаи е нотирано дека треба да се подобриме, уверуваат од Министерството за јавна администрација.
Според надлежните, отчетноста е клучен предуслов за враќање на довербата кај граѓаните во јавната администрација.
Ана Јосифоска
