ЕВРОПА

Пожари во Шпанија и Франција

18.07.2025 14:42

Неконтролиран шумски пожар пеплоса околу 3.000 хектари околу 50 километри југозападно од Мадрид. Неколку активни пожари и во Франција...

Неконтролиран шумски пожар пеплоса околу 3.000 хектари околу 50 километри југозападно од Мадрид.

Локалните власти ги повикаа жителите да останат дома поради густиот чад. Голем делови од Шпанија се под предупредувања за екстремно топло време и пожар.

Неколку активни пожари регистрирани и низ југоисточна Франција. Речиси илјада пожарникари, 320 противпожарни возила и „Канадер“ се распоредени во областа.