Свет
ЕУ одобри нов пакет санкции против Русија
18.07.2025 12:04
Санкциите, вклучуваат забрана за трансакции со гасоводите „Северен поток“ и таканаречената флота во сенка на Русија...

Европската Унија го одобри 18-тиот пакет санкции против Русија во кој се таргетирани финансискиот и енергетскиот сектор, вклучено и ограничување на цените за извоз на руска нафта.
Санкциите, вклучуваат забрана за трансакции со гасоводите „Северен поток“ и таканаречената флота во сенка на Русија. Во меѓувреме, руското МНР предупреди дека земјите што обезбедуваат ракети со долг дострел за Украина ќе се соочат со последици.
На фронтот продолжуваат борбите. Двете страни регистрираат напади со беспилотни летала.
