камбоџа

Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа

24.07.2025 09:55

Тајландски воен авион бомбардираше цели во Камбоџа, има загинати цивили. По неколку недели тензии и дипломатски притисоци Тајланд го повлече амбасадорот од Камбоџа...

Ескалираа вооружените судири меѓу Тајланд и Камбоџа на спорниот дел од нивната заедничка граница. Тајландски воен авион бомбардираше цели во Камбоџа, има загинати цивили. По неколку недели тензии и дипломатски притисоци Тајланд го повлече амбасадорот од Камбоџа.

Се закани дека ќе го протера камбоџанскиот амбасадор во Бангкок откако претходно петмина тајландски војници беа повредени од противпешадиска мина во спорната гранична област. Двете страни се обвинуваат за тоа кој прв ги почнал нападите.

Тајланд ги затвора сите гранични премини кон Камбоџа, а затворени се и сите училишта во покраината Сурин, која се наоѓа во близина на границата.