Пекинг
25-ти самит ЕУ-Кина во Пекинг
24.07.2025 09:44
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретнаа со кинескиот претседател Кси Џјинпинг...

Во Пекинг 25-ти самит ЕУ-Кина. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретнаа со кинескиот претседател Кси Џјинпинг.
Тема на разговорите глобалните предизвици, трговските односи вклучително и војната во Украина. Кинескиот претседател вели дека односите со Брисел достигнале критичен историски момент и искуството од изминатите децении е дека двете страни треба да бараат заедничка основа и да ги остават настрана разликите.
Кина и ЕУ одбележуваат 50-години од воспоставувањето на билатералните односи.
