Почнува судењето за напаѓачот на Арсовска
Едно лице седнува на обвинителната клупа, под обвинение за насилство. На 11-ти јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска...

За нападот врз скопската градоначалничка, едно лице седнува на обвинителната клупа, под обвинение за насилство. На 11-ти јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, и предизвикал телесна повреда на оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста, стои во обвинението.
Градоначалничката, заедно со овластени службени лица, во Чаир вршела увид на дивоградба, по претходна пријава на граѓани.
За насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, но по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, се утврди дека нема кривична одговорност за него.
