Блиски Исток

И Канада ќе ја признае палестинската држава

31.07.2025 10:28

Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни....

Канада ќе ја признае палестинската држава во септември, објави премиерот Карни. Потегот следува откако разговарал со британскиот премиер Стармер, кој објави сличен потег, а истото претходно го направи и францускиот претседател Макрон.

„Меѓународната соработка е од суштинско значење за обезбедување траен мир и стабилност на Блискиот Исток, а Канада ќе направи се што може за да помогне во водењето на тие напори. Канада долго време е посветена на решение со две држави – независна, одржлива и суверена палестинска држава што живее рамо до рамо со државата Израел во мир и безбедност“, изјави Марк Карни, премиер на Канада.

Лидерите се под зголемен притисок околу ова прашање по хуманитарната криза во Газа. Американскиот специјален пратеник, Виткоф, во посета на Израел со цел да ја испита состојбата со испораката на хуманитарна помош.