Зеленски задоволен од потезите на Трамп
Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот...

Украинскиот претседател задоволен од неодамнешните потези на американскиот претседател Трамп за притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот. Шефот на Белата Куќа му постави рок на Путин од 10 дена да ги запре нападите, скратувајќи го претходниот рок од 50 дена. Зеленски објави дека одобрил договор за оружје од големи размери со САД.
„Ние ги цениме принципиелните чекори на Америка за притисок врз Русија поради мир. Токму сега е потребна акција за да се принуди Русија кон мир. Да, Москва сака да продолжи да се бори. Но, целото прашање се сведува на потенцијал, на ресурси за војна, на пари. Токму затоа санкциите се корисни“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Најмалку две лица загинаа, 52 се повредени во руски воздушен напад врз Киев. Москва тврди дека нападите со „Искандер“ врз камп за обука на украинската армија во регионот Чернигов убиле или повредиле 200 лица, додека Киев објави многу помали бројки.
