Предлог – Деловник за работа на програмскиот совет на ЈРП Македонска радиотелевизија
01.08.2025 12:50
Јавна расправа за Предлог-Деловникот за работа на Програмскиот совет на ЈРП Македонска радиотелевизија
На својата 5-та седница одржана на 31 јули 2025 година, Програмскиот совет на МРТ го донесе Предлог-Деловникот за своето работење.
Во таа насока, Програмскиот совет упатува повик до сите заинтересирани страни да земат учество во јавната расправа за Предлог-Деловникот и да ги испратат своите коментари, забелешки и предлози во писмена форма на следната електронска пошта: [email protected].
Јавната расправа ќе трае 15 дена, почнувајќи од 1 август заклучно со 15 август 2025 година.
Предлог - Деловникот може да го преземете на следниот линк:
