Владата донесе одлука трговците да ги намалат цените на училишниот прибор
Одлуката ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември, а трговците се должни, покрај новата намалена цена да ја објават и старата цена која важела на 1-ви јуни, цена која се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето...

Владата на седница донесе одлука да ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало. Одлуката ќе важи од 15-ти август до 15-ти септември, а трговците се должни, покрај новата намалена цена да ја објават и старата цена која важела на 1-ви јуни, цена која се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето.
На влезот на продавниците треба да стои натпис „помалку трошоци, повеќе за тебе“, како и натпис: попуст на училиштен прибор, од најмалку 15%.
