Здравство

Министерот Алиу најави дека „Мој термин“ ќе се надградува и ќе биде од корист на докторите кои ќе издаваат лекарско уверение

07.08.2025 15:55

Дали вработениот е работоспособен и кој ќе може да користи оружје ќе зависи од здравствената историја која е впишана во системот. Министерот Алиу најави дека „Мој термин“ ќе се надградува и ќе биде од корист на докторите кои ќе издаваат лекарско уверение...

Надграден системот „Мој термин“. Во системот електронски се евидентираат лекарските уверенија за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје.

Лекарите од Трудова медицина ќе имаат електронска евиденција за секој еден којшто го прегледуваат. Дигитализацијата е клучен столб во Министерството за здравство.

Според ресорниот министер со ова се овозможува електронски запис за издавање на лекарски уверенија и следење анализи и податоци во реално време.

Ќе се реши и проблемот со паркингот во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со него ќе стопанисува јавното претпријатие градски паркинг по претходно добиеното зелено светло од советот на Град Скопје. Цените ќе бидат различни за сите.

Министерот Алиу истакна и дека се потребни инвестиции во психијатриската болница Бардовци. Додаде дека веќе подолго време таму има низа предизвици, системски, инфраструктурни, организациски, но и кадровски.

 

Ана Јосифоска