ЦУК

ЦУК: Вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен а изгаснати се 21

10.08.2025 10:00

Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума...

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.

Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија Кула) на ЈП ловиште Јасен.